Powered By Blogger

12. 12. 2014.

ФОТО: Хепенингот на академијата повеќе од успешен

ПРОМЕНИ НА ПОДОБРО ВО ФУДБАЛСКАТА ШКОЛА Е НАРЕДНАТА АКТИВНОСТ НА БИТОЛСКИОТ КЛУБ
Еден убав обичај наметнува фудбалската академија на Пелистер која синоќа како завршница на сезоната на тренинзи и натпревари организираше хепенинг на теренот „Павел Шатев„ каде сите членови на школата на клубот, а ги имаше преку 200, нивните родители, тренерите и одговорните се забавуваа, натпреваруваа меѓу себе и со дружба ја завршија тековната година.
Спортскиот директор Милош Манојловиќ денес на прес-конференција ги испрати двајцата гости-предавачи во школата србинот Драган Марјановиќ и англичанецот со туниско потекло Жадиди Шарауи, кои во претходните 10 дена им беа од корист на тренерите и талентите од Битола. Двајцата беа преполни со емоции што заменија различни искуства и што стекнаа нови пријатели: „Кога ќе се вратам во Србија ќе има што да кажувам. Бев дочекан од сопственикот Ристевски и спортскиот директор Манојловиќ како што доликува на голем клуб. Научив многу, разменив исто така идеи со колегите и верувам дека повторно ќе соработуваме„ истакна Марјановиќ, кој е дел од школата во Ужице и фудбалски „татко„ на Видиќ и Јовановиќ. Шарауи во суперлативи говореше за првите луѓе на клубот, тренерите и младите фудбалери: „Импресиониран сум од младите таленти, од тренерите и ентузијазмот. Јас стекнав пријатели засекогаш и се чувствував како дома овие скоро две недели во Битола„ вели Шарауи, кој со децении работи во Премиерлигата и во Чемпионшип, а моментално е дел од академијата на Хадерсфилд. Спортскиот директор Манојловиќ најави дека најдоцна за две недели клубот ќе ги избере тренерите во фудбалската школа и на специјална прес-конференција ќе го претстави проектот на фудбалската школа за 2015 година.

ФОТО: Битолски весник

Нема коментара:

Постави коментар