30.12.2014.

Пелистерци за празниците со празни џебови и без никаква волја за спорт

ДРАМАТИЧЕН КРАЈ НА 2014 ГОДИНА ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Во пресрет на новогодишните празници, ракометарите на Пелистер останаа со празни џебови, со уште поголема неизвесност и нивното трпение ја „прели чашата„. Во пресрет на евентуална средба денес со градските власти, тие излегоа со соопштение во кое уште еднаш ја отсликаа ситуацијата во која се наоѓаат:
„Цела полусезона мака мачиме да составиме екипа, да направиме подготовки, да направиме тренинг како што доликува за една нормална екипа. Тренираме во услови кога температурата е минус, со искинати тренерки и со дресови стари по 4-5 години. Сето ова го правиме надевајќи се дека работите ќе тргнат на подобро, дека ќе почнеме да ги земаме заостанатите плати, едноставно дека клубот полека полека ќе почне да функционира. Меѓутоа напротив, оваа полусезона имаме земено плата само за август и што е најтрагично за новогодишните и божиќните празници нѐ оставија со празни џебови…а имаме фамилии кои егзистираат од оваа работа затоа што сме професионалци. Не сакаме да бараме виновници во никого, градските бизнисмени едноставно докажаа дека немаат слух за ракомет, а народот во Битола е гладен за силен Пелистер. Тоа го докажа и кога игравме меѓународен натпревар со Дукла од Прага, кога се собра 4.000 публика и салата грмеше 60 минути, а потоа една недела се зборуваше за натпреварот. Меѓутоа едноставно нема излез од оваа криза и ние неколку играчи и тренери, кои што сме останати во клубот приморани сме да прекинеме со извршување на обврските сѐ додека не нѐ исплатат затоа што не можеме повеќе да се враќаме дома со празни џебови!“ велат битолчани во својот апел, обединети во маката„ велат ракометарите.  

Нема коментара:

Постави коментар