Powered By Blogger

26. 12. 2014.

Комеморацијата за Боро Чурлевски, в сабота од 11 часот

РК ПЕЛИСТЕР УТРЕ ЌЕ МУ ОДДАДЕ ПОСЛЕДНА ПОЧИТ НА СВОЈОТ ЛЕГЕНДАРЕН АС
Матичниот клуб на прерано починатата македонска ракометна легенда Борис Чурлевски, РК Пелистер в сабота од 11 часот во малата сала на „Центарот за култура„ ќе одржи комеморација во која ќе го одбележи ликот и делото на големиот спортист.
Миленикот на битолската ракометна публика е дел од спортското семејство Чурлевски, кое цел живот го посвети на ракометот. На комеморацијата ќе говорат битолските новинари, доајенот Димче Миновски, бившите соиграчи на Чурлевски, а во името на РФМ ќе се обрати Јован Василев. Во текот на утрешниот ден ќе биде изложена книгата на жалост. Закопот на посмртните останки ќе биде извршен утре на градските гробишта во Битола.

Нема коментара:

Постави коментар