12.12.2014.

Мирчевски со нов тригодишен договор со Пелистер

НАЈТАЛЕНТИРАНИОТ ФУДБАЛЕР ОД ШКОЛАТА НА ПЕЛИСТЕР ОСТАНУВА УШТЕ ТРИ ГОДИНИ ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Стандардниот репрезенативец на Македонија до 18 година и фудбалерот кој пред неколку дена дебитираше за селекцијата под 21 година на Благоја Милевски, битолчанецот Мартин Мирчевски потпиша нов тригодишен договор со матичниот Пелистер.
Младиот поливалентен фудбалер за врска кој дебитираше на само 16 години на пријателскиот меч со Литекс во Тетевен (Бугарија) така го потпиша својот прв професионален договор, откако до сега имаше стипендиски договор. Мирчевски одигра 5 од последните 6 меча оваа есен и главно шанса добиваше по левата страна. Со овој потег битолчани потврдуваат дека сериозно сметаат на своите најголеми таленти и ќе се потпрат на нив и во иднина.  

Нема коментара:

Постави коментар