Powered By Blogger

26. 12. 2014.

Наум Љамчевски, нов координатор на школата на ФК Пелистер


БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ГИ ОДРЕДИ ТРЕНЕРИТЕ ВО СВОЈАТА ШКОЛА
Битолскиот прволигаш вчера официјализираше дека Наум Љамчевски ќе ја превземе улогата на координатор на фудбалската академија на ФК Пелистер и веднаш ќе започне со работа на ново назначената функција.
Љамчевски кој своевремено беше и фудбалер и тренер на Пелистер добро го познава амбиентот, а и соработниците кои се исто така бивши фудбалери на Пелистер. Во возрасните категории тренери во школата на Пелистер ќе бидат Спасе Ристевски, Ѓоко Илиевски, Димитар Капинковски, Кире Грозданов, Драган Димитровски, Сашо Илиевски и Никола Мрмачовски.

Младост Лучани противник на тест натпревар на крајот од јануари

Деновиве Пелистер ќе ги знае противниците на турските подготовки кои ќе ги изврши во фебруари. Многу веројатно таму еден од ривалите ќе биде прволигашот Анталијаспор, а деновиве Пелистер дефинира контролен меч со српскиот прволигаш Младост Лучани во Дојран на крајот од јануари, пред заминувањето за Анталија.

Нема коментара:

Постави коментар