16.12.2014.

Ристевски по една сезона замина од Славија, наскоро ќе го открие новиот клуб


БИВШИОТ ФУДБАЛЕР НА ПЕЛИСТЕР ЗАМИНУВА ОД БУГАРИЈА ПО ЕДНА ГОДИНА МИНАТА ВО СЛАВИЈА

Потенцијалниот македонски репрезентативец Кире Ристевски по една сезона мината во бугарскиот прволигаш Славија од Софија се раздели со софиските бело-црни, иако имаше уште една година од договорот.
Фудбалерот кој е изданок на школата на Пелистер беше стандарден во 80% од мечевите и во пролетниот дел од минатата сезона и оваа есен и кај двајцата тренери на Славија. Но со оглед на тоа што тимот не успеа да се избори за место во плеј-офот и ќе игра во долната шестка од табелата, клубот спогодбено се договори фудбалерите со најскапи договори да бидат ослободени од обврските. За Ристевски има нескриен интерес од неколку странски клубови, а срамежливо се распрашуваат и најдобрите македонски клубови. Покрај за Пелистер и Славија, 24 годишниот Ристевски настапуваше и за албанските Билиш и Елбасан, а последен пат беше повикан за македонската репрезентација во септември во Валенсија за мечот со Шпанија. Покрај 3 настапи за најдобрата репрезентација, битолчанецот има и 22 настапи за младата селекција.

Нема коментара:

Постави коментар