Powered By Blogger

24. 12. 2014.

Хаџиевски даде „амин„ за Анталија, Пелистер во Турција од 2 фебруари

ОД 3 ФЕБРУАРИ, ПЕЛИСТЕРЦИ ЌЕ СЕ ПОДОГОТВУВАА ВО АНТАЛИЈА. ПОТВРДАТА СТИГНА ОД ИНСПЕКЦИЈАТА НА ХАЏИЕВСКИ ВО ТУРЦИЈА
Откако минатиот месец спортскиот директор на Пелистер, србинот Милош Манјловиќ беше во Анталија да го „испита теренот„ деновиве и новиот шеф на стручниот штаб Ѓоко Хаџиевски и сопственикот на компанијата „Цермат„ Зоран Ристевски дадоа зелено светло за првите зимски подготовки на битолскиот прволигаш во Турција.
Од 2 фебруари осмо пласираната екипа од есенскиот дел на нашиот шампионат, ќе замине за Анталија, каде со лет од Истанбул ќе мине 15 дневни подготовки, а деновиве Хаџиевски и Ристевски ќе ги обелоденат и имињата на противниците на пријателските мечеви и термините за истите. „Анталија е голема фудбалска бази за зимски подготовки, најпогодна за нашите клубови. Пелистер има потреба од квалитетни зимски подготовки. Затоа дојдовме на лице место во Анталија, да ги договориме условите за престојот на нашиот тим, заедно со сопственикот Ристевски„ изјави Ѓоко Хаџиевски, кој утревечер се враќа за Македонија и в петок ќе биде дел од хуманитарната акција на клубот, кој ќе дарува подароци за учениците од ОУ „Ѓорѓи Сугарев„. Пелистер според планот ќе одигра 2-3 контролни мечеви во Битола, ако временските услови тоа го дозволат, а исто така ќе има и две генерални проби кон крајот на фебруари, кога екипата ќе се врати од Турција. На почетокот на март 2015 година, пелистерци ќе дебитираат во фудбалската пролет под „Тумбе кафе„ против Брегалница.

Нема коментара:

Постави коментар