17.12.2014.

Битолчанецот Соколовски, државен првак во куглање

ПО УСПЕХОТ НА МЕЃУНАРОДЕН ПЛАН, АЛЕКСАНДАР СОКОЛОВСКИ СТАНА ДРЖАВЕН ПРВАК ВО КУГЛАЊЕ
Битолчанецот Александар Соколовски (КК Макпетрол) во машка и Мери Јанева (КК Македонија) во женска конкуренција се новите сениорски прваци на Македонија во куглање. Тоа е епилогот на првенството што во два натпреварувачки дена се одржа во скопските кугларници „Борис Трајковски“ и „Мусандра“.
Годинава на младинското Светско првенство во Брно токму Соколовски и Јанева играјќи заедно го освоија бронзениот медал во дисциплината тандем-микс. Соколовски на првенството собори вкупно 1.228 кегли, втор заврши ланскиот првак Сашо Трпковски (Макпетрол) со 1.197 кегли, а трет е Виктор Николовски (Макпетрол) со 1.174 соборени кегли Во силна конкуренција не беше лесно да се победат повеќе искусни играчи и да се закитам со првата сениорска титула. Но големата желба за успех поткрепена со игра без осцилации ме донесе на врвот. Вториот ден одиграв одлично и не дозволив приближување на конкурентите. Овој триумф ќе придонесе и понатаму да продолжам да постигнувам уште подобри резултати рече за „Нова Македонија„ Соколовски.

Нема коментара:

Постави коментар