01.12.2014.

Два познати тренери за млади категории деновиве доаѓаат во Битола

ПО ЛОШАТА ЕСЕН, ПЕЛИСТЕР ЈА ПОЧНА РЕОРГАНИЗАЦИЈАТА НА СВОЈАТА ШКОЛА
Деновиве во Битола на покана на ФК Пелистер ќе пристигнат два фудбалски стручњаци, кои ќе извршат предавања и ќе работат 7-8 дена со членовите на школата на клубот и со тренерите кои се пријавија на конкурсот за работа во школата на ФК Пелистер.
Англискиот тренер кој моментално работи во Хадерсфилд, Жедиди Шарауи и српскиот стручњак Драган Марјановиќ од Ужице ќе бидат гости на битолскиот прволигаш и ќе го пренесат своето искуство кај нашите фудбалски работници и младите таленти. Шарауи, кој по потекло е од Тунис, своевремено работеше во Тотенхем и Виган. Марјановиќ е познат во нашето северно соседство како еден од најдобрите тренери за млади категории и најзаслужен за развојот на талентот на Немања Видиќ.

Нема коментара:

Постави коментар