Powered By Blogger

1. 12. 2014.

Трета последователна победа за пелистерци

КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВЛЕГОА ВО ПОЗИТИВНА СЕРИЈА ВО ВТОРАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА
Кошаркарите на Пелистер забележаа нова, трета по ред победа во Втората македонска кошаркарска лига. На домашен терен, во спортската сала „Младост“, битолчани беа подобри од гостите, екипата на Црн Дрим од Струга, совладувајќи ја со 88:75.
Со оваа победа, пелистерци се издвоија на второто место на табелата, со скор од 4 победи и 2 порази, веднаш зад екипата на Т-Баскет која има максимален учинок после шест одиграни кола. Во следното коло, кошаркарите на Пелистер гостуваат во Тетово кај екипата на Тетекс ТТК. Покрај оваа средба, до крајот на календарската година, кога и завршува првиот дел од првенството, кошаркарите на Пелистер ќе одиграат уште три средби, на кои се надеваат дека ќе ја задржат добрата форма и ќе продолжат со победите.

Нема коментара:

Постави коментар