Powered By Blogger

26. 12. 2014.

Спировски потпиша, наскоро и Пачовски вардарец

ВАРДАР ГИ ПОТВРДИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ И ГИ ОФИЦИЈАЛИЗИРА ТРАНСФЕРИТЕ НА ТРИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ
Вардар денес ги промовираше новите засилувања Дејан Блажевски и Стефан Спировски, а наскоро тоа ќе го направи и со Томе Пачовски. Трите нови засилувања Пачовски, Блажевски и Спировски имаат богато интернационално искуство и сигурно ќе бидат од голема помош за вардарци да ја остварат целта.
На денешната презентација беа присутни Спировски и Блажевски, додека Пачовски се очекува во наредните денови да пристигне во Скопје. Во редовите на Вардар, голманот Пачовски пристигнува од белгиски Мехелен, Спировски, кој настапува во средниот ред пристигнува од бугарски Берое од Стар Загора, додека Блажевски кој ќе игра во навалната линија во редовите на вардарци доаѓа од азербејџански Хазар Ланкаран.

Нема коментара:

Постави коментар