31.12.2014.

Три клуба заинтересирани за Марковски

БИВШИОТ НАПАЃАЧ НА ПЕЛИСТЕР БРЗО ЌЕ ГО ПРОНАЈДЕ СВОЈОТ НОВ КЛУБ
Напаѓачот кој го напушти Пелистер пред неколку недели Благојче Марковски најверојатно брзо ќе го официјализира името на новиот клуб. Откако на истек на договорот не ја продолжи соработката со неговиот матичен клуб, Марковски има понуди од три екипи од Првата лига: Брегалница, Турново и Металург.
Фудбалерот кој пред повеќе од три месеци ја скрши клучната коска на мечот во Кратово помеѓу Силекс и Пелистер се наоѓа во завршна фаза на рекуперација и во март се очекува да му се врати на официјалните мечеви. Овој искусен напаѓач покрај за Пелистер настапуваше и за Силекс и Еуромилк. 

Нема коментара:

Постави коментар