13.12.2014.

Пелистерци на одмор, Хаџиевски ќе прозива на 12 јануари

СПУШТЕНА ЗАВЕСАТА НА ФУДБАЛСКАТА 2014 ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ НА ФК ПЕЛИСТЕР 
Со денешниот натпревар помеѓу своите фудбалери и оние кои се пробен период во битолскиот прволигаш, официјално заврши со работа професионалниот погон на ФК Пелистер. Од пред две недели извесно е дека зелените презимуваат на 8 место со 18 бода и оваа прва полусезона може да се подели на два дела: многу позитивен старт и негативен крај на есенскиот дел.
Сега фудбалерите добиваат заслужен едномесечен одмор, а потоа на 12 јануари Ѓоко Хаџиевски и неговиот стручен штаб ќе прозиваат за зимските подготовки. До тогаш предвидени се неколку замени во играчкиот кадар, а познато е дека во Битола и Анталија пелистерци ќе ги извршат подготовките за мартовскиот старт на вториот дел од шампионатот. 

Нема коментара:

Постави коментар