Powered By Blogger

17. 12. 2014.

Новески ја обнови повредата на загревање

КАПИТЕНОТ НА МАЈНЦ НЕМА СРЕЌА СО ПОВРЕДИТЕ И ГО ОЧЕКУВА НОВА ПАУЗА
Битолчанецот Николче Новески сезонава едноставно нема среќа со повредите, бидејќи повторно го очекува нова пауза. Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација беше најавен во првиот состав на Мајнц за вечерашниот натпревар против кај Келн (0:0), но се повреди при загревањето.
Сѐ уште не е јасно за каква повреда се работи и колку долго ќе паузира. Новески го повреди коленото на првиот сезонски натпревар против Падернборн и беше надвор од терените цели три месеци. Ветеранот по повредата ги одигра натпреварите против Штутгарт и Хамбургер.

Нема коментара:

Постави коментар