04.12.2014.

Хаџиевски донесе кислород под „Тумбе кафе„: „Никогаш не сум бил помотивиран од сега„

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС И АПЛАУЗИ ЗА ПРОМОЦИЈАТА НА ХАЏИЕВСКИ ВО ПЕЛИСТЕР, ПОВТОРНО ПО 24 ГОДИНИ
Претставувањето на новиот тренер на Пелистер, Ѓоко Хаџиевски привлече голем интерес кај битолската и македонската јавност. На официјалната прес-конференција враќањето на познатиот стратег по 23 години во Битола беше примено со голем ентузијазам и одобрување. Многу насмевки, озарени лица и нескриени желби за успешна иднина се забележуваат деновиве во Битола.
Најнапред со неверување, а потоа со воодушевување битолската „чаршија„ го дочека враќањето на најтрофејниот македонски тренер во клубот во кој ја доживеа својата најголема афирмација „По 24 години повторно сум во Битола и можам да ви потврдам дека сум во полна силна и не доаѓам како ислужен тренер. Мотивиран сум како никогаш до сега и верувам во проектот кој ми беше претставен. Кога пред два месеци за прв пат се сретнавме со сопственикот на клубот, Зоран Ристевски најнапред се понудив од помош во било која улога во клубот. Подоцна колку почесто се гледавме увидов дека амбициите на овој клуб, на мојот Пелистер се многу поголеми. Се препознав во идеите и плановите и многу ми значи што сите тука ме пречекаа како дома. Горд сум што и градоначалникот застанува јавно зад проектор кој го градиме и тоа не е мала работа. Не чувствувам притисок иако знам каква публика е битолската. Работам 26 години без ниту една пропуштена сезона и имам преку 1000 професионални натпревари како тренер и ниту еднаш не сум имал промашен проект. Затоа и со овој Пелистер верувам во долгорочна стратегија и верувам дека прво ќе изградиме центар, а потоа или напоредно со тоа ќе дојдат и резултатите„ истакна Хаџиевски на скоро едно часовното обраќање пред седмата сила, која одамна не била така бројна како денес во Битола. Хаџиевски и неговата „десна рака„ Коки Аврамовски веднаш се упатија на првиот тренинг со пелистерци под Тумбе кафе. 

Нема коментара:

Постави коментар