Powered By Blogger

15. 12. 2014.

Мико Голубовиќ се врати од Зеница и потпиша во Штип

БИВШИОТ ЦЕНТАР НА ПЕЛИСТЕР ПО КРАТКАТА ЕПИЗОДА ВО БиХ СЕ ВРАЌА ВОМАК-КОШАРКАТА
За преостанатиот дел од шампионатот на Првата кошаркарска лига кошаркарите на Гоце Делчев од Штип ќе бидат во засилен состав, бидејќи раководството на клубот успеа навреме да регистрира нов играч и тоа на центарската позиција.
Се работи за кошаркарот Мико Голубовиќ, кој доаѓа од екипата на Челик од Зеница, но со богато интернационално искуство. Тој настапуваше за нашите прволигаши Кожув, Куманово и Пелистер, како и за екипите на Омонија од Кипар и Рилски спортист од Бугарија.

Нема коментара:

Постави коментар