12.12.2014.

Струмичани ја прекинаа серијата победи на битолските зелени

ПО ТРИ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ПОБЕДИ, РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ПОТКЛЕКНАА ВО СТРУМИЦА 
Зомимак М - Пелистер 35:30 (17:12)

Спортска сала „Парк„ - Струмица. Гледачи: 1000
Судии: Александар Вукашиновски и Александар Трајковски (Скопје)

Зомимак М:
Ристов, Атанасов 1, Павловски 9, Младеновски 7, Пецаковски 5, Наков, Милосављевиќ 1,Трајкоски, Босеовски 1, Мастев, Стојанов, Стојановски, Чантириа 6, Василев 1, Везенковски 4

Седмерци: 6/4
Исклучувања: 6 минути

Пелистер:
Крстевски, Симоновиќ, Јовановски, Николиќ, Дрогришки, Илиевски, Рајатовски, Димитровски, Тодоровски, Гаревски, Ѓорѓиевски, Кузмановски, Христов

Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути

Струмичките „рисови“ забележаа уште една победа во домашната Супер лига и ја продолжија серијата победи. Овој пат совладан беше тимот на Пелистер со резултат 35:30. И двете екипи добро го започнаа натпреварот и до средината на првото полувреме се играше гол за гол. Домаќините со серија од 5:0 резултатски се одлепија и со 5 голови позитива заминаа на пауза (17:12). „Рисовите“ одлично го отвотија вториот дел со што и го решија победникот. Со добра одбрана и неколку одлично одиграни акции во напад дојдоа до 8 голови предност и јасно беше дека трите бода остануваат во Струмица. До крајот на натпреварот екипата на Зомимак М одржуваше сигурна предност, а тоа беше шанса на тренерот Андонов во игра да пушти и неколку младинци кои беа во составот на тимот за овој натпревар. Натпреварот заврши со резултат 35:30 за домашниот тим. Најпрецизен во таборот на Зомимак М беше Павловски Игор со 9 погодоци. Кај гостите Стефан Дрогришки со 11 постигнати голови беше и најдобар стрелец на овој натпревар.

Нема коментара:

Постави коментар