20.12.2014.

Пелистерци го „овенаа„ Пролет во вториот дел

ВТОРА ПОБЕДА ПО РЕД ЗА КРАЈ НА КАЛЕНДАРСКАТА ГОДИНА СО МАЛКУ ПОВЕЌЕ НАДЕЖ ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Пелистер - Пролет 29:19 (12:12)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 800
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски (Скопје) 

Пелистер:         
М. Јовановски, Симоновиќ, Б. Крстевски, Николиќ 6, Дрогришки 8, Димитровски 3, Илиевски 3, Рајатовски 1, Гаревски, Вељановски 2, Ангелковски, Ѓорѓиевски, Христов 1, Кузмановски 5

Седмерци: 4/3
Исклучувања: 4  минути

Пролет:
Кристо, Велков 1, Николовски 1, Левковски, Мајнов 3, Апостоловски 1, Ролевски 2, П. Јовановски, Коруновски, Андоновски 2, Кимевски, Димковски 1, Димитриевски 7, Љубевски, И. Крстевски 1, Џонов

Седмерци: 4/2
Исклучувања: 6 минути

Со одлично второ полувреме, ракометарите на Пелистер издвојуваа многу важна победа против директниот конкурент за влез во Супер-лигата, Пролет на Илија Темелковски. Во првиот дел гостите посебно благодарение на бившиот пелистерец, Славиша Димитриевски, гостинот постојано парираше. Нивното минимално водство траеше до 9:9, а потоа одличниот Стефан Дрогришки го донесе првото домашно водство. Клучен момент беше почетокот на вториот дел, кога со серија 4:0, Кузмановски и Николиќ му помогнаа на веќе расположениот Дрогришки, битолчани да се одлепат. Во два наврати со човек повеќе, екипата на Николовски брзо релизираше и во 40 минута, најдобриот на средбата Дрогришки погоди за 20:14. И физички екипата на Пролет не можеше да парира, па пелистерци во 52 минута ја зголемија предноста до недостижни 24:14. Рутински беа последните 10 минути, во кои домаќините внимаваа и на гол-разликата и со стил го завршија мечот со убедливи 29:19. По победата во Штип, уште еден добар сигнал за формата на зелените, кои заминуваат на одмор, а обидот да завршат во групата на најдобрите тимови во лигата, ќе го продолжат во фебруари 2015 година.

Нема коментара:

Постави коментар