30.12.2014.

ФОТО: Битолските ракометни легенди на едно место

НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ ГИ ОБЕДИНИЈА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЛЕГЕНДИТЕ НА РК ПЕЛИСТЕР
Календарот на натпревари, професионалните и приватните обврски ретко нудат можност некогаш големите ракометни пријатели и колеги да се соберат и да поразговараат, овој пат и со повод за новогодишните празници.
Така деновиве во Битола главно на одмор на половина од сезона се наоѓаат сегашните и бившите ракометни професионалци, тренери, ракометни работници. Сите ги врзува само една работа, дресот на Пелистер. Веројатно прв пат во така голем број откако ги завршија играчките кариери во еден познат битолски ресторан се собраа скоро сите бивши звезди на Пелистер. На иницијатива на Бранислав Ангеловски, на една маса седеа над 50 трофеи освоени во дресот на Пелистер: Цане Крстевски, Стевче Стефановски, Златко Димитровски, Бранислав Ангеловски, Звонко Шундовски, Абдула Јусуфовски, Иван Марковски, Томче Петрески, Петко Босеовски, Игор Николовски, Кире Поповски засилени со Пепи Манасков и Марјан Андонов. 12 македонски ракометни легенди кои можат да состават еден одличен ростер од ракометари. Меѓу нив има и три бивши селектори и со мали исклучоци сите го носеа дресот на ракометната репрезентација. Сепак пелистеровите легенди ги има воо толку голем број што на уште неколку маси може да седнат големи македонски ракометни имиња. 

Нема коментара:

Постави коментар