Powered By Blogger

21. 12. 2014.

Битолски куглар ќе настапи за тимот на светот

ГОЛЕМА ЧЕСТ И ПРИЗНАНИЕ ЗА КУГЛАРОТ НА „МАКПЕТРОЛ„ И МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, БИТОЛЧАНЕЦОТ АЛЕКСАНДАР СОКОЛОВСКИ
Шампионот на Македонија во куглање, битолчанецот Александар Соколовски доби повик за настап за тимот на светот на ревијален натпревар кој ќе се одигра на 27 декември во Бачка Топола.,Таму ќе настапат домаќинот, кугларската репрезентација на Србија против репрезентација на светот.
Пред половина година, Соколовски освои бронзен медал на Светското првенство за јуниори кое се одржа во мај во Брно. Натпреварот ќе се одигра во рамките на големиот интернационален турнир во куглање „Гранд при Војводина„ Овој турнир е во организација на Српската кугларска федерација и се одржува по повод свеченото отворање на новата модерна куглана „Фанк арена” во Бачка Топола.

Нема коментара:

Постави коментар