Powered By Blogger

23. 12. 2014.

Вардар се полни со битолчани

ВАРДАР ПОТПИШУВА СО УШТЕ ЕДЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА МАКЕДОНИЈА
Традиционално скопски Вардар секогаш се потпирал на фудбалерите од школата на Пелистер во трофејните денови во минатото. Имињата на Савевски, Канатларовски, Трајановски, Милошевски, Георгиевски, Грозданов, Пачовски се само дел од мнигуте биточлани в црвени-црниот дрес. Во есенскиот дел од шампионатот Благојче Љамчевски беше еден од најзебележителните се до пред повредата.
Сега бројот на пелистеровите деца во Вардар се зголемува. Најновото е Стефан Спировски, кој според неофицијалните информации деновиве ќе стане член на есенскиот првак. Tој ги договорил сите детали околу соработката со управата на Вардар и треба да биде големо засилување во средниот ред, каде што екипата на Сергеј Андреев, покажа најмногу слабости во есенскиот дел од сезоната. Спировски во Вардар доаѓа од бугарскиот Берое од Старa Загора, каде што играше две сезони, откако во 2012 таму се пресели од Работнички. Претходно, Спировски играше и за Борац од Чачак и тоа 4 години, откако претходно изникна во младинската школа на Пелистер. За сениорската селекција на Македонија има осум настапи, а претходно во два циклуси беше редовен и во тимот до 21 година. Спировски е трето засилување на лидерот во Првата лига, откако претходно на Вардар му пристапија Горан Попов и Дејан Блажевски. Медиумите ги спомнуваат и Пачовски и Мирко Ивановски како потенцијални засилувања за скопскиот прволигаш. 

Нема коментара:

Постави коментар