Powered By Blogger

2. 12. 2014.

ВИДЕО: Ивановски го комплетираше чудесниот пресврт на Клуж

ИВАНОВСКИ ОБЕЗБЕДИ ПОЛУФИНАЛЕ НА КУПОТ НА РОМАНИЈА СО СВОЈОТ ГОЛ ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ПРЕСВРТОТ
Во мечот од четвртфиналето на Купот на Романија, Клуж на Мирко Ивановски на гости го совлада тимот на Миовени со 3:4, откако домаќините водеа со 3:0. По лошиот терен, покриен со снег, Ивановски мечот го почна од клупата, но неговиот гол во судиското надополнување најави дека Клуж има големи амбиции и во националниот Куп.
Миовени поведе со 3:0 со головите на Стоикан, Нила и Галан. На половина час до крајот Клуж се трансформира и со головите на Таде од пенал и од игра и на Чантурија во 87 минута израмни на 3:3. Во првата од трите минути судиско надополнување, Ивановски од работ на казнениот простор распали и го постигна голот вреден полуфинале на неговата екипа.   

Нема коментара:

Постави коментар