Powered By Blogger

17. 12. 2014.

Гачевски ја напушти Брегалница, интересен за многу прволигаши

ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВО БРЕГАЛНИЦА, БИТОЛЧАНЕЦОТ РОДЕН ВО СЛОВЕНИЈА БАРА НОВ КЛУБ
Бившиот младински репрезентативец на Македонија, битолчанецот Филип Гачевски по одличната полусезона, во која беше единствена светла точка во штипска Брегалница, одлучи да ја напушти деветто пласираната Брегалница и да побара покомпетитивен клуб.
Бившиот голман на Капфенберг има опции да се врати во Австрија, но и понуди од неколку македонски прволигаши да остане во нашата лига. Металург е клубот кој отиде најдалеку и е најблиску до потпис, но уште 2-3 клуба се распрашуваат за Гачевски. 

Нема коментара:

Постави коментар