Powered By Blogger

14. 12. 2014.

Оливера блеска и во Белград: Влез во финалето и подобар резултат од легендарната Шекариќ

ПО ОБЕЗБЕДЕНАТА ОЛИМПИСКА НОРМА, ОЛИВЕРА НАКОВСКА - БИКОВА СО НОВО ОДЛИЧНО ПОСТИГАЊЕ НА ТУРНИРОТ ВО СРБИЈА
Битолската златна стрелачка Оливера Наковска - Бикова постигна извонреден резултат на турнирот во стрелаштво „Трофејот на Белград во мошне силна конкуренција со активни олимпијци, иако таа настапува како инвалидизирано лице.
Сега веќе легендардната Оливера се пласира во финалето на дисциплината 10 метри воздушен пиштол со резултат 378 кругови, колку што имаше и славната Јасна Шекариќ која беше на деветтото место во квалификациите на последната Олимпијада. Со резултатот меѓу осум најдобри, Оливера потврди дека се наоѓа во одлична форма. Во финалето во Лондон, Шекариќ не успеа да се пласира меѓу носителките на медал, а нашата Наковска - Бикова во оваа дисциплина стана параолимписка првенка од Лондон 2012 со 381 погодени кругови. На 39 меѓународно првенство на Белград учествуваат 276 натпреварувачи од 15 земји: Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Салвадор, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Црна Гора, Македонија, Русија, Словенија, Србија, Словачка и Украина. Наковска - Бикова го освои бронзениот медал во оваа дисциплината на Светското првенство во стрелаштво за инвалиди во Сулн (Германија), кога исполни и норма за Параолимписките игри во Рио 2016 година. 

Нема коментара:

Постави коментар