11.09.2014.

Фудбалерите на Пелистер бараат привремена управа до продажбата

НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ИМ ЗДОДЕАА ВЕЌЕ ПРЕДОЛГИТЕ ВЕТУВАЊА И ИСЧЕКУВАЊА
Минува нова недела, а нема потврда, ниту вонредна седница на советот на општина Битола да се гласа за продажба на ФК Пелистер по пријавените понуди. Пред десетина дена беше одложена расправата по оваа точка, заради пристигнување на нова понуда, која според кулоарите е на ЗИК Пелагонија и Пелистерка.
Оваа понуда била финансиски најпогодна, иако во комбинација е и партнерството на општина Битола и битолската компанија „Цермат„ кое било договорено пред да се појави најновата понуда. Без разлика кој ќе го купи клубот, фудбалерите со соопштение бараат додека се реши продажбата, акционерот да си постави привремена управа, бидејќи целиот процес може да потрае, а фудбалерите мора да си ги извршуваат тековните обврски: „Во интерес на клубот, ние фудбалерите на Пелистер бараме до продажбата на клубот да се постават одредени луѓе (привремена управа која ќе фунционира и ќе биде достапна за фудбалерите). Ова го правиме во интерес на клубот во кој моментално има добра атмосфера и добро резултати, како и тоа да се задржи постоечкиот статус и успех. Ве молиме во најкраток рок да се реши оваа ситуација„ се вели во соопштението. Во таква клима веќе 3-4 недели, пелистерци нанижаа позитивни резултати, но и натаму со неизвесност гледаат на целата ситуација и на својата и клубската иднина. 

Нема коментара:

Постави коментар