Powered By Blogger

3. 9. 2014.

Денови на пинг-понгот во Битола

ПОЧНУВА ВТОРАТА СЕЗОНА НА МУЛТИТЕКС ВО ОБИД ДА СЕ ОСТВАРИ ПРОМОЦИЈА ВО ПОВИСОК РАНГ
На 21 септември во Битола ќе се одржи турнир во пинг- понг во организација на ППК Мултитекс ТБТ, под покровителство на Болницата “Плодност“. За победниците на турнирот се обезбедени вредни парични награди. ППК Мултитекс во јуни организираше турнир на кој главна звезда беше балканскиот првак до 21 година и репрезентативец на Црна Гора, Ирфан Чекиќ кој убедливо го освои турнирот-велат организаторите.
Плановите за во иднина на ППК Мултитекс ТБТ за следната сезона се oсвојување на првото место во втората лига кое обезбедува пласман во првата лига и почеток на школата за млади пинг понгари, што во Мултитекс го сметаат како главна инвестиција за иднината на клубот.

Нема коментара:

Постави коментар