Powered By Blogger

29. 9. 2014.

ЦСКА ја сопре серијата на Берое, конечно победи и Славија

ПО 10 КОЛО ОД БУГАРСКАТА ЛИГА, ПРЕКИН НА ПОЗИТИВНАТА СЕРИЈА НА БЕРОЕ И НА НЕГАТИВНАТА НА СЛАВИЈА СОФИЈА
Во еден од дерби натпреварите од 10 коло на бугарскиот фудбалски шампионат, Берое на Стефан Спировски загуби во Стара Загора од ЦСКА Софија со 1:2. Македонскиот репрезентативец не настапи, а зелените поведоа со голот на Бакалов во 10 минута.
Но во вториот дел Карачанаков во 69 и Буш во 81 минута го направија пресвртот на екипата од главниот град. Берое падна на делба на 3 и 4 место заедно со Лудогорец со по 18 бода, пет помалку од ЦСКА. Славија без казнетиот Кире Ристевски, но со дебитантот Душан Савиќ ја забележа втората победа откако во Софија падна Хасково со 1:0 со голот на резервистот Василев во 74 минута. Славија скокна на 9 место со 8 бода. Во наредното 11 коло Берое му гостува на Локомотив Софија, а Славија игра во Разград против шампионот Лудогорец, веднаш по нивниот меч со Реал Мадрид.  

Нема коментара:

Постави коментар