13.09.2014.

Младост го изненади Нови Пазар и Канатларовски

ВТОР ПОСЛЕДОВАТЕЛЕН ПОРАЗ НА НОВИ ПАЗАР ВО СРПСКАТА ЛИГА 
Неочекуван домашен пораз за фудбалерите на Нови Пазар, каде тренер е Драган Канатларовски во рамките на петтото коло од српската Јелен Супер лига. На домашен терен сино-белите загубија од Младост со 1:2 со примени голови во раната фаза на натпреварот.
Фрајдеј во 23 и 38 минута два пати погоди за гостите, а Тинтор во последната минута од првиот дел го постигна почесниот гол за Нови Пазар. Со 7 бода екипата на Канатларовски се наоѓа во групата на тимови околу средината на табелата. Во наредното петто коло на 20 септември во Белград, Нови Пазар му гостува на бившиот клуб на Канатларовски од фудбалските денови, Црвена звезда.   

Нема коментара:

Постави коментар