Powered By Blogger

25. 9. 2014.

ВИДЕО: Отворена првата фудбалска паралелка во Битола

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА ЈА ОФИЦИЈАЛИЗИРАА НОВАТА ФУДБАЛСКА ПАРАЛЕЛКА ВО БИТОЛА
Градоначалникот на Битола и првиот човек на ФФМ, денес ја промовираа првата регионална дисперзирана спортска паралелка во општина Битола во која веќе се запишани 23 ученици и тоа 18 од Битола, а останатите од Ресен и Демир Хисар. Наставата за спортската паралелка ќе се изведува во средното земјоделско училиште, каде што неодамна е отворена новоизградената спортска сала.„Битола е дел од проектот за отворање на фудбалска паралелка во рамките на Фудбалската академија.
Станува збор за заеднички проект на Владата на Република Македонија, министерството за образование ФФМ, локалната самоуправа, агенцијата за млади и спорт. Ова е еден успешен проект кој што го почнавме пред две години со паралелка во Скопје, а сега отворивме уште 8 дисперзирани паралелки. Битола е еден од најголемите фудбалски центри во Македонија и веруваме дека со отворањето на оваа паралелка ќе имаме еден континуиран развој на младите фудбалери и подигнување на квалитетот на фудбалот во овој регион“, изјави Илчо Ѓорѓиевски, претседател на ФФМ. На учениците денес им беше доделена и комплетна опрема која ќе им биде потребна за успешна реализација на програмата, а професорите добија и програма за развој според која треба да се работи.„Во Битола започнува нова страница во спортот. Се надевам дека идната година покрај фудбалската ќе се отвори и паралеллка за ракомет. Оваа насока претставува гимназиско образование надополнето со стручни предмети. Предметите кои ќе ги изучуваат треба да ги оспособат овие млади луѓе во фудбал и верувам дека дел од нив еден ден ќе прераснат во вистински таленти кои ќе бидат и дел од највисоката фудбалска репрезентација на Македонија. Општина Битола максимално го поддржува овој проект“, рече градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески на денешниот промотивен настан. Наставата за спортската паралелка ќе се изведува во средното земјоделско училиште, каде што неодамна е отворена новоизградената спортска сала.

Нема коментара:

Постави коментар