29.09.2014.

Мирко Ивановски се враќа, а Кире Ристевски одпаѓа од репрезентацијата

СЕЛЕКТОРОТ ЃУРОВСКИ СО МИНИМАЛНИ ПРОМЕНИ НА СПИСОКОТ ЗА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ДВОМЕЧ
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски го објави списокот за двата меча од квалификациите за ЕУРО 2016 против Луксембург на 9 и во Украина на 12 октомври. На списокот се враќаат Ивановски, Глигоров и Муарем, а за разлика од мечот во Шпанија ги нема Алијовски, Ристевски, Наумоски.
Повторно не се повикани Тричковски, Бабунски, Ѓуровски, Маневски и Тасевски. Како и со Шпанија тројца битолчани се во изборот на селекторот.

Голмани:
Томе Пачовски, Андреја Ефрeмов, Дарко Тофиловски

Одбрана:
Ванче Шиков, Даниел Мојсов, Ардијан Цуцули, Дарко Велковски, Дарко Глишиќ, Стефан Ристовски, Александар Дамчевски

Среден ред:
Аријан Адеми, Мухамед Демири, Марјан Радески, Никола Глигоров, Александар Трајковски, Стефан Спировски, Муарем Муарем

Напад:
Агим Ибраими, Адис Јаховиќ, Јован Костовски, Крсте Велкоски, Бесарт Абдурахими, Мирко Ивановски

Нема коментара:

Постави коментар