20.09.2014.

Кобна 90 минута за Вождовац на „Карабурма„

ПРОДОЛЖУВА КРИЗАТА ВО ТАБОРОТ НА ВОЖДОВАЦ ВО СРПСКАТА ЈЕЛЕН СУПЕР ЛИГА
И по шестото коло од српската Јелен Супер лига, екипата на Вождовац каде настапува Томе Китановски е закована за дното без ниту еден освоен бод. И кога беше на прагот да го освои првиот, прими гол во 93 минута на „Карабурма„ против ОФК Београд и бодовите ги освоија домаќините.
Голот за ОФК Београд го постигна Вуковиќ. Томе Китановски не настапи на оваа средба. Во наредното седмо коло, Вождовац го дочекува Младост од Лучани в недела на 28 септември од 15 часот. 

Нема коментара:

Постави коментар