30.09.2014.

Продажбата на ФК Пелистер не е точка на денешната седница

ФК ПЕЛИСТЕР НЕМА ДА БИДЕ ПРОДАДЕН ПО ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА
На денешната седница на советот на општина Битола се носи ребалансот на општинскиот буџет. Пред советниците се и повеќе точки за детални урбанистички планови. Темата ФК Пелистер не се најде на дневен ред на денешната седница иако некои очекуваа и најавуваа дека ќе се случи продажба на клубот.
Инаку седниците на Советот се отворени за јавноста. Освен медиумите и граѓаните можат да ги следат. За денешната седница на која се носи ребалансот, немаше голем интерес на граѓаните да слушнат и да видат какви се проекциите.

Нема коментара:

Постави коментар