Powered By Blogger

23. 9. 2014.

По фудбалот и ракометот, на општинска врата тропа и КК Пелистер


ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА НА КК ПЕЛИСТЕР НАРЕДНА КОЈА ЌЕ ТРЕБА ДА ЈА РЕШИ ОПШТИНА БИТОЛА
Деновиве спортот е главна тема во Битола и тоа главно заради проблемите и беспарицата на клубовите. Се гледа крајот на четири месечната сага околу продажбата на ФК Пелистер и треба само уште комисијата за спорт и градоначалникот да ја изберат подобрата понуда, а ги има две.
Решен е статусот на РК Пелистер кој во предвидениот рок ја отпочна трансформацијата во акционерско друштво со три акционери: општина Битола со 30% од акциите, ГП Пелистер со 35% и ДОО Цермат со 35%. Сеуште не се знае кој ќе раководи со клубот и кои луѓе ќе застанат на одговорните функции, но постои оптимизам дека проблемите ќе бидат надминати. За егзистенција не би требало да стане збор, но за нешто поистакнати амбиции ќе мора да се направи и нешто посериозно. Наредната болна точка која ќе стигне до општинската врата, а можеби и до советот на општина Битола е КК Пелистер, кој исто така е 100% сопственост на општината по минатогодишната трансформација во АД. Кошаркарите испаднаа од Првата лига и неизвесно е дали ќе почнат да се натпреваруваат и во Втората лига. Тие очекуваат прием во општината да ја објаснат нивната ситуација и да побараат ветувања дека општината може да го обезбеди и најминималниот буџет за натпревари во Втората лига. Во овој момент битолскиот кошаркарски клуб е без пари да ја плати котизацијата и неизвесно е дали може да пријави екипа, со оглед на тоа што нема кошаркари. За тренерот Печалов да може да работи и да обезбеди каква-таква екипа најнапред треба да ја знае иднината и износот во клубската каса која сега е празна. Многу веројатно по 30 септември и наредната седница на советот на општина Битола, кошарката е наредната која ќе тропне на вратата на општина Битола.  

Нема коментара:

Постави коментар