29.09.2014.

Драгарски играше 45 минути, Конкордија победи на гости

ОТКАКО ДЕБИТИРАШЕ ВО КУПОТ НА РОМАНИЈА, ДРАГАРСКИ ГИ ОДИГРА ПРВИТЕ МИНУТИ ЗА НОВИОТ КЛУБ И ВО ШАМПИОНАТОТ
Бившиот фудбалер на Пелистер, Христијан Драгарски ги одигра првите минути за екипата на Конкордија во романскиот шампионат и неговиот тим успеа да забележи победа во гости. Конкордија однесе цел плен од гостувањето кај Јаши со 1:2 со головите на Пена и Велингтон во првото полувреме.
Битолчанецот влезе во игра на почетокот на вториот дел на местото на Алвес и придонесе во втората победа на Конкордија во романската лига. Денес Мирко Ивановски е најавен во дуелот на градските ривали Клуж и Универзитатеа Клуж.  

Нема коментара:

Постави коментар