15.09.2014.

Левски ја продлабочи кризата на Славија, Ристевски пак стандарден

И СО НОВИОТ ШЕФ НА СТРУКАТА СЛАВИЈА НЕ ЗАПИРА СО ПОРАЗИТЕ ВО БУГАРСКАТА ЛИГА
Ниту со новиот тренер екипата на Славија од Софија не успеа да ја сопре негативната серија. Не беше ниту лесно на гостувањето кај Левски, кој во вториот дел го скрши отпорот на екипата на Кире Ристевски. По 0:0 на одморот, во вториот дел „плавите„ го скршија отпорот на Славија и со головите на Прохаска во 85 и Анете во 90 минута ги освоија сите три бода.
Кире Ристевски настапи 80 минути и беше заменет пред Славија да ги прими двата гола. По ова 8 коло Славија е претпоследна со само 5 бода, само Хасково освои помалку бодови од бело-црните. Во наредното 9 коло наредниот петок Славија го дочекува Черно Море.    

Нема коментара:

Постави коментар