01.09.2014.

Пелистерки стартуваат во Ѓорче

ПОЗНАТ КАЛЕНДАРОТ ЗА НОВАТА ЖЕНСКА СУПЕР ЛИГА
Новата сезона во женската ракометна Супер лига во Македонија ќе почне на 27 и на 28 септември.
Далеку зад возбудувањата кои ги нуди машкото натпреварување, а слично како од времињата на Кометал и оваа година не е тајна кој треба да суверено да доминира. Актуелните шампионки, ЖРК Вардар, ја бранат титулата од минатата година и со оглед на составот со кој располагаат треба да лесно да промаршираат преку конкуренцијата, особено што ЖРК Металург се раздели со поискусните ракометарки и сега ќе се потпира на млади ракометарки. Сега, веројатно, многу пореално дерби ќе биде дуелот меѓу ЖРК Металург и вториот тим на ЖРК Вардар, а како послучајност, ждрепката сакаше уште во првото коло тие да се соочат. Шампионките ќе гостуваат во Прилеп, а новите суперлигаши, Пелистер и Ѓорче Петров, ќе се пресметаат меѓусебно.

1 коло (27/28 септември)

Жито Прилеп - ЖРК Вардар
ЖРК Вардар 2 - ЖРК Металург

Ѓорче - ЖРК Пелистер

Нема коментара:

Постави коментар