Powered By Blogger

21. 9. 2014.

Реми од страв на двете екипи да не загубат

БЕЗ МНОГУ ЗРЕЛИ ШАНСИ И СИЛЕН РИТАМ, ПЕЛИСТЕР И ШКЕНДИЈА СЕ ЗАДОВОЛИЈА СО РЕМИ ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Прва фудбалска лига - 8 коло

Пелистер - Шкендија 0:0

Градски стадион под Тумбе кафе. Гледачи:  1000
Главен судија: Димитар Мечкаровски
Асистенти: Дејан Неделковски и Гоце Петревски (сите од Скопје)
Делегат: Ацо Алексоски (Прилеп)
Стрелци: нема
Жолти картони: Ступиќ, Крстески (Пелистер), Положани, Имери, Усеини, Бојку (Шкендија)
Црвени картон: нема

Пелистер:
Пашовски, Петковски, Крстески, Степановски, Миленковски, Брдаровски, Анастасов, Мустафов, Ристевски (од 87м. Велевски), Љамчевски (oд 57м. Тодорoвски), Ступиќ

Шкендија:
Јовановски, Абдула, Алими, Положани, Вручина, Имери (од 46м. Кировски), Митров (од 60м. Зеба), Усеини, Бериша, Бојку (од 74м. Крлески), Милиев

Играч на натпреварот:
Димче Ристевски (Пелистер)

Повеќе од страв да не загубат Пелистер и Шкендија одиграа тактички тврд натпревар со многу малку директнио удари кон головите и без зрели шанси за гол По прекрасни временски услови двете екипи почнаа претпазливо и без зрели шанси. Црвено-црните изведоа два корнери во првите 5 минути, но без закана за Пашовски. Следеше бран на подобра игра за пелистерци, но на зрели шанси се чекаше дури по прекините. По еден таков во 15 минута кога по центаршутот на Бурхан Мустафов, Седат Бериша највисоко скокна и ја погоди пречката од својот гол. Двете одбрани беа затворени и опција за гол беа само корнерите или слободните удар. Владица Брдаровски имаше две инвидуални акции, но биеше и со десната и со левата нога непрецизно крај голот на Јовановски. Кознику беше крајно незадоволен од играта во организацијата и нападот на својот тим и брзо го прати на загревање Христијан Кировски. Млако и предвидливо двете екипи првиот дел го завршија како да се задоволни со 0:0. Според очекувањата Кировски влезе во игра на почетокот на вториот дел место Имери. Истото бавно темпо и во продолжението не понуди зрели шанси. Во 50 минута по седмиот домашен корнер изведен од Анастасов, Ступиќ остана сам и биеше со глава од 5-6 метри, но млако и топката стигна право во рацете на Јовановски. Кај гостите Вручина се обиде од слободен удар, а Пелистер возврати преку нововлезениот Тодоровски кој биеше од 35 метри, но високо преку голот. Најзрелата полушанса екипата на Шкендија ја имаше во 71 минута, кога Алими мина по десната страна и центрираше по земја, но задоцни Кировски да ја втурне топката во мрежата. Кознику беше приморан да го повлече повредениот Бојку и го внесе Крлески. Тој неколку пати мина по десната страна и центрираше, но Кировски не дојде во ниту една опција да постигне гол. Така по две минути судиско надополнување, мрежите мируваа и двете екипи задоволни со по бод се насочуваат кон важните Куп натпревари во среда.

Марјан Секуловски
(тренер на Пелистер)

Честитки за моите фудбалери кои одиграа цврсто и дисциплинирано. Овој бод за нас е еднаков на победа со оглед на тоа што цела недела имавме проблеми со тренажниот процес и не одработивме најдобро. Но моите фудбалери играа како што се договоривме и против оваа Шкендија која ја рангирам рамо до рамо со Вардар, овој резултат е позитивен

Ардијан  Кознику
(тренер на Шкендија)

Двете екипи имаа само полушанси и мислам дека ниту една не заслужи да победи. Нерешениот резултат е најреален. Можам да бидам задоволен од ангажманот на моите фудбалери, но сепак на овој терен не е едноставно да се освојат три бода. Само што пристигнав и полека ја запознавам екипата и верувам дека ќе играме подобро, почнувајќи од мечот во среда против Вардар


Кознику во Битола по 23 години

Љубителите на фудбалот во Битола се сеќаваат на историскиот меч помеѓу Пелистер и Хајдук во осминафиналето на Купот на Југославија во 1991 година. Тогаш Пелистер ја доби наградата за фер-плеј од ФСЈ, бидејќи се согласи да го одигра мечот со Хајдук ден по предвидениот термин, а не да го добие со службен резултат од 3:0. Имено по 1:1 на Пољуд, сплитските бели не пристигнаа во Битола заради густа магла во среда, па во четврток се играше мечот во Битола пред 10.000 гледачи, што е еден од најпосетените мечеви под Тумбе кафе. Со головите на Штимац и Кознику Хајдук извлече 2:2, а за Пелистер погодија Чириќ и Милошевски. Од тогашниот состав на Пелистер е и тренерот на голмани, Сашо Петровски кој прими гол од Кознику на тој меч. Двајцата со насмевка се присетија на мечот и случувањата пред дуелот на Пелистер и Шкендија. Во тогашниот моќен Хајдук кој подоцна го освои Купот на Југославија настапија Бокшиќ, Билиќ, Штимац, Асановиќ, Кознику, а за Пелистер играа Петровски, Стојковски, Милошевски, Јовановски, Чириќ, Савов, Грозданов.

Нема коментара:

Постави коментар