Powered By Blogger

2. 9. 2014.

Кикбоксерите на „Самурај„ ги собраа медалите и ја наполнија репрезентација

КАКО И МИНАТАТА ГОДИНА И ОВАА НА ДРЖАВНИОТ КИК-БОКС ШАМПИОНАТ ДОМИНИРАА БИТОЛСКИТЕ „САМУРАИ„
Во саботата во спортската сала „Гемиџии“ во Велес во организација на Кикбоксинг Федерацијата на Македонија се оддржа изборното државно првенство во кикбокс, на кое учество зедоа најдобрите кикбоксери од Кикбокс клубот „Самурај“ од Битола, при што сите покажаа гладијаторски борби и сите станаа државни прваци и сите освоија златни медали, обезбедувајќи си место во репрезентацијата која ќе патува на Европско првенство во Шпанија.
Бојан Крстевски (-71 кг.) во дисциплината лоу кик совладувајќи ги своите двајца противници, стана државен првак. Дејан Ристевски (-75 кг.) исто во дисциплината лоу кик се искачи највисоко на пиедесталот освојувајќи златен медал, па Александар Најдовски - Сканта (-86 кг.) стана државен првак во својата категорија и само го потврди своето одамна заслужено место во репрезентацијата. Исто така и своето место како државен првак го потврди и Александар Димовски - Димса во тешка категорија (+ 91 кг.) освојувајќи златен медал. По завршувањето на првенството тренерите на нашиот најтрофеен кикбокс клуб „Самурај“  Гордана Цветковска Бошевска и Тони Бошевски ни изјавија дека ќе продолжат со уште поголеми вложувања во спортистите, голема дисциплина и посветеност како и интезивирање на тренинзите за достојно репрезентатирање на овие момчиња секако на нашиот град и државата на шампионатот во Шпанија.

Нема коментара:

Постави коментар