Powered By Blogger

3. 9. 2014.

Мустафов дебитански повикан во младата репрезентација

ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА МЛАДИОТ ФУДБАЛЕР НА ПЕЛИСТЕР
Селекторот на младата селекција, Вујадин Станојковиќ, денес одреди уште двајца фудбалери кои ќе се приклучат на првичниот список на репрезентативци и ќе конкурираат за настап на квалификацискиот меч против Израел, што на 9 септември ќе се одигра во Ларнака.
Ѓорѓи Стоилов од Хоризонт Турново и Бурхан Мустафов од Пелистер се двајцата нови фудбалери кои Станојковиќ ги одреди за мечот против Израел. Младата репрезентација својот собир ќе го има на 6. септември во Дојран, а еден ден претходно в.д.селекторот Станојковиќ ќе одржи прес - конференција.

Нема коментара:

Постави коментар