Powered By Blogger

2. 9. 2014.

ЗИК Пелагонија и Пелистерка деновиве го купуваат Пелистер

ОВАА НЕДЕЛА СЕ ОЧЕКУВА РАСПЛЕТ ОКОЛУ ПРОДАЖБАТА НА ФК ПЕЛИСТЕР
Иако претходните продажни сесии потврдија дека никогаш не е готово додека не се потпише договорот и истиот биде ратификуван од советот на општина Битола, полека се назира крајот на сагата околу ФК Пелистер.
Клубот веќе еден месец функционираше со преодна управа која требаше да биде најава дека битолската компанија „Цермат„ ќе го превземе раководењето со клубот и заедно со општина Битола во наредните четири години да го водат Пелистер. Но по понудата од гркот Габриел Папанастасатос која не наиде на зелено светло, градоначалникот на Битола, Владимир Талески во петокот обелодени дека одлагањето на точката од вонредната седница е заради нова трета понуда, која сега е веќе јасно чија е и ја добива фаворитската улога. Битолските компании ЗИК Пелагонија и Пелистерка подготвиле заедничка кандидатура, во која ќе бидат вклучени уште неколку македонски фирми и заеднички ќе го водат Пелистер со откуп на 100% од акциите. Деталите од договорот општина Битола сеуште не ги изнела, но се шпекулира дека понудата е убедливо најдобра и финансиски најмоќна. Меѓу 300.000 и 400.000 евра по сезона, новите газди ќе инвестираат во сениорската екипа, што е еден вид гаранција за сигурно утре на клубот. Други кадровски промени не се најавени, а веројатно ако ги има ќе бидат направени по официјализацијата. Сега „топката„ е префрлена кај првите луѓе на градот, кои само за оваа проблематика треба да свикаат нова седница и да изгласаат доверба на најновата понуда. Во меѓувреме единствена добра страна на замрсената ситуација во Пелистер е што има двонеделна пауза заради националната репрезентација и првенството продолжува на 14 септември. За мечот со Тетекс под „Тумбе кафе„ зелените би требало да имаат нов раководечки тим. 

Нема коментара:

Постави коментар