Powered By Blogger

5. 9. 2014.

Мирко Ивановски го „начна„ Шахтар за првенец во дресот на Клуж

БИТОЛЧАНЕЦОТ СТРЕЛЕЦ НА ПРВИОТ ГОЛ ВО РЕМИТО НА НЕГОВИОТ КЛУЖ СО ПРВАКОТ НА УКРАИНА, ШАХТАР
Македонскиот напаѓач, битолчанецот Мирко Ивановски го постигна својот дебитантски погодок за романскиот клуб Клуж откако погоди во ремито против Шахтар од Доњецк (3:3).
Поради репрезентативната пауза романскиот клуб одигра пријателски меч против шампионот на Украина кој заврши без победник, а нашиот репрезентативец кој не доби повик од селекторот Ѓуровски за мечот против Шпанија успешно со глава по еден изведен корнер стрелаше во 6 минута од натпреварот. Останатите погодоци за Клуж ги постигнаа Гама и Кристијан, додека за Шахтјор погодија Крицов, Адриано и Бернард.

Нема коментара:

Постави коментар