25.09.2014.

Пелистер го чека нова казна заради неспортско навивање

НЕКОЛКУ ДЕНА ПО МЕЧОТ СО ШКЕНДИЈА, ПОВЕДЕНА ПОСТАПКА ПРОТИВ НАВИВАЧИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
По казната за мечот од првото коло и мечот со Вардар и едномесечната суспензија на тренерот Секуловски по црвениот картон во 6 коло во Кратово, на Пелистер му се заканува нова казна. 
Дисциплинската комисија на ФФМ поведе постапка против битолскиот клуб поради тоа што делегатот на мечот со Шкендија, дуел кој се играше во Битола во неделата, пријавил неспортско скандирање на „Чкембарите“. ФК Пелистер треба да достави официјална изјава во врска со ова, па дисциплинците ќе решат колкава ќе биде казната за зелено-белите.

Нема коментара:

Постави коментар