Powered By Blogger

6. 9. 2014.

Кирче Ристевски потпиша за Ригас Фераиос во грчката трета лига

МЛАДИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ РИСТЕВСКИ ПОТПИША ЗА ГРЧКИ ТРЕТОЛИГАШ
Младиот  лев бек 21 годишниот Кирче Ристевски, кој пред извесно време беше повикан на проба во српскиот суперлигаш Нови Пазар, кај добро познатиот македонски тренер Драган Канатларовски, кариерата ќе ја продолжи во грчата трета лига во екипата на Ригас Фераиос. Иако се очекуваше да стави потпис со грчиот второлигаш Закинтос, Ристевски не успеа да ги договори потребните услови со клубот кој го води Даниел Торибио Акињо.
Имено сега е во Ригас, кој е втор тим на тамошниот суперлигаш Ники Волос,а Ристевски ќе се обиде со својот талент и напорна работа од наредната година да биде префрлен во првиот тим. Ристевски има настапуваше за младата репрезентација на Македонија до 19 години и сеуште има право да настапува за селекцијата до 21 година, а повикан е и за аматерската репрезентација на Македонија, која на 9 септември ќе се собере во Скопје, а на 12 септември патува за Полска на квалификациите за европското аматерско првенство.   

Нема коментара:

Постави коментар