Powered By Blogger

29. 9. 2014.

Кошаркарите на Младост ги добија заслужените сребра

ДОДЕЛЕНИ МЕДАЛИТЕ НА КАДЕТКИТЕ НА KK „МЛАДОСТ“
На пригодна свеченост во Македонската кошаркарска федерација беа доделени медалите и пехарите за најдобрите од минатата сезона во категоријата - кадетки родени 1998/99. Во минатата сезона кошаркарките на КК „Младост“ го освоија второто место, пред екипата на „Струга 2009“, а зад шампионот „Бадел 1862“ од Скопје.
Напорната сезона траеше шест месеци во која што се одиграа дваесеттина натпревари по двокружен бод систем. Со ова продолжи низата од успеси на женските и машките екипи на КК „Младост“, знаејќи дека секоја година се враќаат со медали од меѓународните турнири низ Европа.

Нема коментара:

Постави коментар