29.09.2014.

Пелистерци задоволни со 15 бода по 9 кола

ПЕЛИСТЕР ОСУМ КОЛА БЕЗ ПОРАЗ, ВО ОДЛИЧЕН АМБИЕНТ ЌЕ ГОСТУВА ВО СКОПЈЕ ВО ВТОРОТО ОВОСЕЗОНСКО „ВЕЧНО ДЕРБИ„

Во очекување на денешната седница на советот која треба да го официјализира продавањето на Пелистер во рацете на компанијата „Цермат„ прикажаното на фудбалскиот терен по првите 9 кола ги задоволува пелистерци.
Со оглед на организационите проблеми, заминувањата на многу фудбалери од ланскиот ростер и лошите подготовки, во кои практично битолчани не се ни подготвија, 15 освоени бода се добар капитал за екипата на Секуловски. Доведувањето на фудбалери како Крстески, Ступиќ, подоцна Ганчев и дефинирањето на растот на младите фудбалери како Анастасов, Мустафов, Трајковски на Пелистер му изгради димензија на тим против кого на секоја екипа не му е пријатно да игра и да планира бодови. По тешките повреди Диме Ристевски, Миле Петковски и Владица Брдаровски се вратија како што се очекуваше, а и Љамчевски направи правилен потег со враќањето во Пелистер по епизодата во Металург. Пелистер прими само три гола во 11 официјални мечеви и дефанзивната стабилност е заштитен знак за битолскиот прволигаш оваа есен. Со таква етикета тренерот Секуловски веќе од денес ќе почне да го подготвува мечот со Вардар наредниот викенд. Дилемата е дали ќе се опорави повредениот Миленковски и како неколку фудбалери со помала минутажа ќе одговорат на денешниот меч во Кратово на Б екипата. Дури потоа од среда ќе се назираат идеите и комбинациите за второто вечно дерби во сезоната. До тогаш Пелистер очекува да добие нов газда, нова страуктура, нов борд на директори и организационо да го следи тимот кој веќе гравитира во врвот на мак-фудбалот. 

Нема коментара:

Постави коментар