02.09.2014.

Панчевски државен шампион, Влатко Богдановски трет

МИНАТОГОДИШНИОТ ПОБЕДНИК, БИТОЛЧАНЕЦОТ БОГДАНОВСКИ ОВАА ГОДИНА ТРЕТ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ
Скопскиот интернационален мајстор и репрезентативец Филип Панчевски (рејтинг 2.464, 2 рангиран) е новиот првак на Македонија во шах, трет пат во неговата кариера, по 2010 и 2012 година. Тој триумфира на Отвореното првенство на Македонија, кое денеска заврши во Струга во конкуренција на 44 шахисти (4 ВМ, 4 ИМ, 4 ФМ, 1 ЖФМ) од три држави (Македонија, Србија и Бугарија), освојувајќи седум поени од девет можни (пет победи и четири ремија), со играчки перформанс од 2.536 поени и освојувајќи нови девет рејтинг-поени.
Второто место го освои ВМ Александар Чоловиќ (2.487, 1-рангиран), кој со победата над Србинот Стефан Младеновиќ (2.329, 9 рангиран) освои 6,5 поени, а трет е ланскиот победник, битолскиот велемајстор Влатко Богдановски (2.426, 4 рангиран) со 6 поени, кој имаше најдобар дополнителен критериум од осумте шахисти со ист број на поени.

Нема коментара:

Постави коментар