16.09.2014.

Двајца црногорци пристигнаа во Битола за потпис со Пелистер

НОВА СМЕНА НА ПЛАНОВИТЕ ОКОЛУ ЗАСИЛУВАЊАТА ВО РК ПЕЛИСТЕР
Иако пред две недели Пелистер ги договори сите детали и се чекаше само официјализација на трансферите на Мисовски, Чавор и Златко Мојсоски настана голем пресврт во клубската структура.
Спонзорот Силјан Мицевски се повлече, а од општина Битола стигна потврда дека клубот во предвидениот рок ќе се трансформира во акционерско друштво, за почеток со општина Битола како единствен акционер. Се шпекулира со обезбеден буџет за првата полусезона, а како резултат на тоа на неполна недела до почетокот на ВИП Суперлигата пристигнаа и првите странски засилувања на клубот. Од денес во Битола пристигнаа и чекаат на потпис, голманот Филип Симоновиќ кој има 26 години и доаѓа од Даниловград и левиот бек Богдан Николиќ кој има 22 години и до пред неколку месеци настапуваше за Ловчен. Се очекува тренерот Николовски да даде зелено светло и само сертификатите ќе ги делат црногорците од потпис со зелените. До крајот на оваа недела се очекува и доведување на уште еден десен бек. Пелистер в сабота против Преспа во Ресен ќе дебитира во новиот шампионат, скоро сигурно без новите засилувања. 

Нема коментара:

Постави коментар