30.09.2014.

ВИДЕО: Талески: „Понудата е одбрана, за неколку дена прес и официјализација„

БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ОБЈАВИ ДЕКА Е ИЗБРАНА ПОДОБРАТА ПОНУДА ЗА ПРОДАЖБА НА ФК ПЕЛИСТЕР
По денешните недоразбирања и очекувања од редовната седница на советот на општина Битола, за ТЕРА ТВ градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески ја појасни процедурата околу продажбата на ФК Пелистер:
„Можам да ве информирам дека комисијата и јас ги разгледавме сите понуди кои пристигнаа најдоцна до 12 септември и веќе одбравме една, чие што име и детали ќе го објавиме за неколку дена на одделна прес-конференција. Мислам дека професионалниот спорт е сериозна наша грижа и заслужува на посебна средба со јавноста да биде обелоденет новиот газда на фудбалскиот клуб. Инаку советот мене ми даде овластување и нема потреба од ново враќање на точката на седница на совет. Моја обврска е само на наредната седница како информација да ги известам советниците, која понуда ја одбравме, кои се условите и останатите детали поврзани со ФК Пелистер„ појасни Талески. Извесно е дека нов сопственик на клубот ќе биде битолската компанија „Цермат„ но општина Битола ќе задржи 25% од акциите. Шпекулациите велат дека понудата на ЗИК Пелагонија и Пелистерка била повлечена заради сомнежи во транспарентноста при изборот. Веројатно пред мечот со Вардар в недела попладне во Скопје, Пелистер и официјално ќе има нови сопственици.  

Нема коментара:

Постави коментар