Powered By Blogger

23. 9. 2014.

Против Работнички без калкулирање

КАЈ БИТОЛЧАНИ СЕУШТЕ „ПЕЧАТ КУП РАНИТЕ„ ОД РАБОТНИЧКИ ОД МИНАТАТА СЕЗОНА
Во клима на задоволство за сработеното и освоените 14 бода и неизвесност што сеуште не се решила иднината на клубот и веќе четврт месец процесот на продажба на Пелистер не доживува кулминација, пелистерци го чекаат Куп мечот со освојувачот Работнички.
Истата оваа екипа на Работнички која во декември минатата година со победата од 2:0 во Скопје ги сруши амбициите во Купот на Пелистер на Бочевски, сега ќе гостува во Битола. Овој меч се поклопува со 29 роденден на најстарата навивачка група во Македонија, „Чкембари„ кои подготвуваат спектакл за почетокот на средбата. Капитенот на зелените Горан Пашовски уште еднаш ја покажува приврзаноста на фудбалерите кон клубот: „Цело ова одолговлекување го прави амбиентот понервозен и понеизвесен. Но на натпреварите тоа не се забележува. Ние играме организирано, хомогено и знаеме што сакаме. Во Купот е малку поинаку, но со самиот податок дека играме со бранителот на титулата, ни покажува дека нема простор да влеземе лабаво и некого да потцениме. Ние ќе играме максимално како во неделата со Шкендија или како со Работнички во  првенствениот меч пред еден месец„ вели голманот на Пелистер. Неизвесно е дали и како ќе ротира тренерот Секуловски, но можеби првите минути во сезоната ќе ги одигра Горан Ганчев, а своја шанса во нападот чека и Благојче Главевски.  

Нема коментара:

Постави коментар