Powered By Blogger

27. 9. 2014.

Пелистер ќе биде продаден на „Цермат„ општина Битола ќе задржи 25% од акциите

СЕ НАЗИРА НОВИОТ СОПСТВЕНИК НА ФК ПЕЛИСТЕР
Иако понудите се ковертирани и не се познати деталите и цифрите за купување на Пелистер, комисијата за спорт на општина Битола се состанала и има прв впечаток каков ќе боде исходот.
Неофицијално во вторник на редовна седница на советот на општина Битола ќе се стави на гласање одлуката на комисијата, а таа ќе биде дека довербата да му се даде на битолската компанија за сладолед „Цермат„ Според шпекулациите постигната е спогодба со општината во наредниот петгодишен период „Цермат„ да има 75% од акциите, а општината да партиципира со 25%. Подоцна треба клубот комплетно да и припадне на битолската компанија. Со оглед на тоа што „Цермат„ веќе пред два месеци пред стартот на шампионатот доби зелено светло за составување на организационен тим кој ќе раководи со клубот, ако добие доверба уште од среда продолжува онаку каде што застана на крајот од август.  

Нема коментара:

Постави коментар